X
 15.01.2023 Наша тема

За Германецот Бени кој навива за Македонија, најстариот фрижидер, младите правници што помагаат... Што пишувавме неделава

Млади правници бесплатно им помагаат на оние што не можат да си дозволат адвокат

Лицата со кои тие најчесто соработуваат се сиромашни или во ризик од сиромаштија - невработени лица, лица без образование, без документи, жртви на семејно насилство, лица со попреченост или родители на лица со попреченост, и за нив е речиси невозможно да одвојат средства и да платат макар едно дејствие на адвокат за да остварат или да заштитат некое свое право

Децата за кои велат дека се со посебни потреби имаат потреба само од љубов и разбирање, вели Цветанка Несторовска, вработена во Црвен крст на град Скопје

Живееме во еден свет каде што љубовта, хуманоста и човечноста полека влегуваат во втор план. Трчаме по пари, функционираме како роботи, без да се запрашаме што навистина нѐ прави среќни. Јас лично со влегувањето во оваа организација станав многу подобар човек. Сфатив дека малите нешта можат да нѐ направат среќни, посочува Цеце

Центарот за деца на улица во Шуто Оризари им е единствен покрив над глава на некои деца, а таму јадат, се бањаат и учат

Дневниот центар за деца на улица - Шуто Оризари е центар каде што дечињата на дневна основа првпат во својот живот добиваат одредена грижа, навика и внимание. Децата во дневниот центар ја одржуваат и личната хигиена, се бањаат, добиваат и оброк кој во текот на денот на повеќето од нив им е единствен, ни сподели Ирена Велкоска, која веќе 16 години е дел од центарот

Ебилиоскоп од 1534 и фрижидер од 1832 година привлекуваат посетители во Винскиот музеј во Кавадарци

Значаен предмет во музејот е и фрижидер кој потекнува од 1832 година и е изработен доста професионално за тоа време, тоа е рачна изработка на локален мајстор. Внатрешниот дел има 3 прегради, а во средната преграда се ставал мраз. Мразот се носел од едно место во близина на Кавадарци наречено Мечкина Дупка, каде што благодарение на географската положба и длабочината на дупката од 50 метри, го имало преку целата година

Германецот Бени верно ги бодри македонските репрезентативци. Не ја знае совршено химната, но на цел глас ќе пее за Македонија

Во 2022 година Бени Фло Флисен им ја даде својата поддршка на ракометарите во Дебрецин. Се збогати со уште едно бесценето искуство. Рамо до рамо навиваше со македонските навивачи, до утрински часови се тешеа или славеа. И сега е во Краков, обоен во боите на Македонија. Не ја знае совршено химната, но на цел глас ќе пее за Македонија

Издвојуваме

Наша тема