X
 15.05.2022 Живот

За животот на младите без родители, дуалните паралелки, уписите на факултет во иднина... Што пишувавме неделава

Давор Давидович од Скопје - успешен софтверски инженер во Холандија

Кога студираш во странство, поретко се зборува за предностите, како учење разни домашни вештини - готвење, чистење, перење, менаџирање со финансии, справување со периоди на осаменост, кои инаку не би ги научил на таа возраст, вели тој.

Ораторството е подзаборавено, но има студенти кои говорат без влакна на јазикот

На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола десетина млади оратори јавно зборуваа за општествените проблеми, а професорите ги повикаа да не бидат тивки и да заминуваат од државата, туку гласно да зборуваат за она што треба да се менува.

Секој што ќе се запише во дуална паралелка добива работа

Учениците запишани во дуалните паралелки во „Михајло Пупин“ имаат загарантирана работа по завршувањето на образованието, добиваат месечен надомест од 4.000 денари и плус надомест за време на феријалната пракса во летниот период, вели директорот Димитар Ѓорѓиев.

Младите без родители во нашата земја живеат под „отворено небо“

Се залагаме за пристапен државен систем за овие лица, еднаков како за другите. Пристапен пазар на труд, соодветно и бесплатно здравство и покрив над глава за сите. Општество каде што нема да бидат покажувани со прст, вели претседателката на Здружението за помош и поддршка на деца и млади без родители, Цеце Николова.

Во иднина матурантите ќе полагаат академски тест, нема да може секој да се запише на факултет

Не може секој да се запише на факултет, мора некој и да работи во оваа држава, вели директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска.

Дали бракот станува демоде? Во пресрет на Меѓународниот ден на семејството, со проф. д-р Ирена Авировиќ-Бундалевска

Родителството во 21 век се чини како еден од најголемите предизвици, особено во отсуство на помошта од бабите и дедовците за грижа на децата, роднини за зголемена социјализација и интеракција и други блиски кои во минатото имаа улога во одгледувањето на децата и поддршката на семејствата.

Издвојуваме

Живот