X
 15.07.2022 Култура

За сите нас дојденци, вечни потстанари

За сите нас дојденци, вечни потстанари

За сите нас од маргините, од малите места,
чии игралишта беа беспаќе,
чии татковци пиеја од мака,
чии мајки трпеа поради љубов,
кои паметат само тешки зборови и го сакаат своето село најмногу напролет.

За сите нас кои љубеле по студентските домови,
за вечните потстанари,
за положените испити и навредите преку кои сме поминале,
за пијаните студентијади и непроспиените распусти.

За сите нас дојденци,
кои сме побегнале од детството непланирано и пребрзо
за со дипломите да го браниме правото да не бидеме странци.

За сите нас на кои ништо не ни е тешко,
кои ги храниме нашите таму бидејќи си го сакаме своето.

За сите нас од работничките населби на пропаднатите градови,
приградските општини во кои ја снема индустријата,
кои скокавме од држава во држава не поместувајќи се од место,
кои сме тоа што сме - кои немаме ништо, а имаме сè.

За сите нас ќе купам еден цвет.

Нека замирисаат студентските соби,
старите љубови, малите тајни.
Нека се смират вознемирувањата,
повторно се прослават положените испити,
повторно оживеат старите професори,
занишаат бакнежите по парковите,
зачкрипат клупите и одѕвонат воздишките.

Пред да одам, ќе го засадам овој цвет
во една мала просторија.
За душа.

Андрија Милошевиќ

 

Издвојуваме

Култура