X
 15.09.2021 Образование

Млади лица од сите региони мониторираат и ги мобилизираат граѓаните за тоа колку Владата ги исполнува дадените ветувања

Во рамките на проектот ,,Поддршка на изборни реформи'' на Швајцарска агенција за развој и соработка, кој го спроведуваат ИФЕС и НМСМ, 24 млади лица од сите развојни региони во државата или таканаречени мобилизатори на заедницата, мониторираат и ги мобилизираат граѓаните за тоа колку Владата ги исполнува дадените ветувања.

Секој од нив одбира една мерка од План програмата на Владата 2021-2024 и во период од 9 месеци следи и мониторира колку се исполнува тоа ветување.

Со цел да ги информираат и мобилизираат граѓаните, тие треба да спроведуваат Иновативни иницијативи за истата мерка што ја следат, односно мониторираат.

На овој линк може да се најдат наодите на квартално ниво од мониторингот кои го вршат овие млади лица, односно следат колку Владата ги исполнува ветувањата дадени во официјалната програма за работа на Владата 2020-2024.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Образование