X
 15.10.2021 Живот

30.142 невакцинирани и 10.066 вакцинирани позитивни на ковид-19 за два месеца

Од хоспитализираните граѓани 79% се невакцинирани, а само 21% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани

Во периодот од 6 август до 14 октомври во државава имало 40.208 граѓанин позитивни на ковид-19, од нив 25% биле целосно вакцинирани, односно 10.066 лица, соопштува Министерството за здравство. Во најновата анализа за вакцинирани и невакцинирани во изминативе два месеца, 30.142, граѓани, односно 74,9% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица што се невакцинирани изнесува 79%, додека само 21% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6 август до 14 октомври на територијата на државата починале 1.382 пациенти со ковид-19, 1.149 пациенти од починатите, односно 83% не биле вакцинирани, а само 17%, односно 233 примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини што ги има на располагање кај нас.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Издвојуваме

Живот