Со почетокот на новата академска година, Хајделберг факултетот во Скопје ги пречека своите нови студенти кои ќе ги направат првите чекори во високото образование според германски модел на настава. Бруцошите ја почнаа нивната академска приказна, а сега ги чекаат три години исполнети со предизвици, искуства и успех.
Наставата започна со полна динамика и интерактивен пристап, кој е препознатлив за оваа високообразовна установа, а студентите го направија својот прв чекор во патувањето што ќе ги подготви за реалниот свет - со германски стандарди, платена пракса и двојна диплома што отвора врати и во земјава, но и во европските држави.
Во првиот семестар на Хајделберг факултет во Скопје студентите ќе ги изучуваат предметите Основи на бизнис-администрација / Бизнис-симулација и микроекономија, Математика и податоци (Дигитална писменост), како и Вештини за личен развој и научно истражување. Предавањата се организирани на англиски јазик, а академскиот кадар вклучува професори со долгогодишно искуство во европскиот универзитетски систем.
Истовремено, факултетот ја започна и постапката за склучување договори со компании каде што студентите ќе ја реализираат практичната настава, која претставува клучен дел од моделот на двојно образование - комбинација на академско знаење и практично искуство.
Рокот за уписи во првата академска година заврши денес, а интересот за студирање на Хајделберг факултет расте благодарение на неговиот уникатен концепт и германскиот квалитет на образование во македонски контекст.
Пристапот што го има Хајделберг им овозможува на младите во Македонија да добијат современо, европско образование без да ја напуштат земјата, подготвувајќи ги за успешна кариера на меѓународниот пазар на труд, со оглед на тоа што кога ќе станат од студентските клупи, тие зад себе веќе ќе имаат работно искуство во престижни компании во земјава и двојна диплома – македонска и германска, призната во сите држави од Европската Унија.
(Комерцијална објава)