X
 03.01.2016 Култура

Најстариот јазик на светот пред исчезнување - Како да го спречиме тоа?

„Нацијата без јазик е безгласна и бескорисна... Другите луѓе имаат свои јазици. Зошто мора да се дозволи мојот јазик да изумре? Мора да продолжи. Сè додека има луѓе, јазикот мора да продолжи.“ - Оума Катрина.


Луѓето од племето Коисан од Јужноафриканската република бараат помош од светот со проект кој има цел да ги зачува нивниот јазик и култура. Овој народ бил жртва на страшен геноцид од страна на луѓе кои им ги украле културите, традициите, јазикот и начинот на живот.

Од 1994 година наваму, народот ги бара назад овие нешта. Денес, има само тројца луѓе кои течно го говорат јазикот на овој народ. Една од нив е Оума Катрина.

Овие луѓе се сметаат за директни потомци на првата гранка од генеолошко стебло на човекот според податоците кои ги имаме, а како таков, нивниот јазик може да биде најстар на планетата или барем еден од најстарите. За да ги зачуваат јазикот и културата, луѓето Коисан собираат средства за да изградат објект и да купат потребни материјали за да го предаваат древниот јазик.

Како може да помогнете?

Напорите на народот досега не поминале незабележани. Оума добила неколку награди за својата борба за зачувување на јазикот последниве години. Секој може да донира финансиски средства ОВДЕ.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура