X
 09.01.2016 Економија

Највисоките и најниските плати во регионот за изминатата година... Каде се наоѓа Македонија?

Просечната плата за време на последните статистички податоци од октомври 2015 година во Македонија изнесувала 365 евра, односно 22.470 денари.


Според овие податоци, најниска просечна плата во земјите од поранешната Југославија има Србија - 361 евро. Податоците од земјите се за ноември 2015, освен за Македонија и Босна и Херцеговина, во чии случаи биле искористени податоците за октомври 2015.

Просечната плата во Црна Гора на крајот на годината изнесувала 482 евра, во Босна и Херцеговина - 422 евра, во Хрватска - 748 евра, а во Словенија - 1.004 евра.

Просечната плата во Словенија е поголема за 1,49 евра од изминатата година. Во Хрватска, просечната плата е поголема за 5,44 евра од почетокот на годината.

Намалување на просечната плата се забележува само во Босна и Херцеговина - за 1,02 евра.

Просечната плата во Македонија во октомври 2015 била поголема од онаа на почетокот на годината за 7,35 евра.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија