X
 16.01.2016 Култура

Љубовен триаголник на трагикомичен начин... Претстава која не смеете да ја пропуштите!



Во понеделник, 18.01.2016 година со почеток во 20:00 ч. на малата сцена на Македонската Опера и Балет, ќе биде изведена театарската претстава „Неверство“ од Харолд Пинтер, во режија на Влатко Павлески и продукција на Прима Данца. Претставата ќе биде изведена и на 25.01.2016 со почеток во 20 ч. во Центар за култура, театар“Ацо Шопов” - Штип.

Трите лика во претставата се во романтичен триаголник. Овој љубовен триаголник на трагикомичен начин е во центарот на вниманието, од најсреќните до најмрачните моменти. Никој од ликовите нема никаква корист од тој магичен триаголник во кој се наоѓаат. Тие едноставно биле среќни само кога биле верни на самите себе. Кога влегле во триаголникот, патот на лаги и измами ги однел во неповрат.

Драмата е реализирана во 9 сцени кои речиси апсурдно се презентирани во обратен временски редослед. Уникатниот пристап на реверзна временска хронологија на настаните, не принудува на пиесата да и притстапиме од мемориска страна и сите настани да ги гледаме од појдовна точка на сегашноста, без оглед на тоа дали низ времето се движиме напред или назад. Притоа не смееме да го игнорираме „Молчењето“ во облик на долги и натегнати паузи. Молчењето претсавува едно од најмоќните оружја во драмите на Пинтер.

Во претставата се присутни и танцови настапи на професионални танчери од Прима Данца. Режисерот Влатко Павлески со неверојатна умешност вметнува танц кореографии на Пасо Добле, Англиски валцер, Танго и Румба како израз на скриените емотивни состојби и потсвеста на ликовите.



Редовната цена на билетот за претставата изнесува 200,00 денари, Цена за студенти 150,00 денари.

Лице за контакт резервација и продажба на билети:

Елена Ефремова, Прима Данца

071 30 54 74;
02 246 02 09
Е-mail: elena.efremova@primadanza.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура