Шан Дејвид има 33 години, и работи како дизајнерка на весници и магазини и моментално живее во Бристол, Англија. Секој пат кога ќе оди да купи кафе во Старбакс, вработените на Старбакс имаат големи проблеми со пишувањето на нејзиното име.
Сиан потекнува од Јужен Велс, а нејзиното име има велшко потекло, меѓутоа луѓето отсекогаш имале проблем со изговорот и пишувањето на нејзиното име.
„Луѓето погрешно го изговараат и пишуваат моето име и во едната и во другата земја, без оглед на тоа што не станува збор за необично име“, вели таа.
Но, се чини дека сепак е малку покомплицирано за пишување (правилно се пишува Siân). Откако пред две години се преселила во Англија, таа започнала често пати да купува кафе од Старбакс, но ниту еден вработен не можел точно да и` го напише името. Секој од нив имал своја верзија и секако, секоја од нив е еднакво урнебесна.
Сепак, се наоѓа некој и конечно и` го пишува името точно.