X
 16.01.2016 Живот

Земјата во која ниту еден млад човек не верува дека Бог го создал светот

Се чини дека Исланд е на пат да посекуларна нација, според најновата анкета. Помалку од половина од Исланѓаните тврдат дека се религиозни, а повеќе од 40% од младите Исланѓани се идентификуваат како атеисти.

 

атеисти


Истражувањето не успеа да пронајде млади Исланѓани кои ја прифаќаат приказната за создавањето на човекот според Библијата. 93.9% од жителите на Исланд помлади од 25 години веруваат дека светот бил создаден со Големата експлозија, а 6.1% изјавија дека немаат мислење или мислеле дека светот настанал на друг начин. 0.0% веруваат дека бил создаден од Бога.

Истражувањето, кое било направено од компанијата „Maskina“ во име на „Siðmennt“, Етички хуманистичка асоцијација на исландските атеисти, покажа дека 46.4% од Исланѓаните се идентификуваат како религозни = што е најниската бројка до денес.

Кај постарите луѓе е забележана поголема религиозна припадност - 80.6% постари од 55 години се идентификуваат како христијани, а само 11.8% изјавиле дека се атеисти. Истовремено, 40.5% од луѓето на 25 годишна возраст или помлади изјавиле дека се атеисти, а само 42% рекле дека се христијани.

Традиционалните христијански верувања се почести надвор од Рејкјавик, каде 77-90% се идентификувале како христијани, а 7.1-18 биле атеисти, во споредба со 56.2% од луѓето во Рејкјавик кои се идентификувале како христијани и 31.4% како атеисти.

Анкетата открива дури подраматични разлики помеѓу различните генерации во врска со мислењето како настанал светот. 93.9% од помладите од 25 години изјавиле дека светот бил создаден со Големата експлозија - 0.0% од нив верувале дека Бог го создал светот. 77.7% од оние на возраст помеѓу 25 и 44 години верувале дека светот бил создаден од Големата експлозија, а 10.1% верувале дека Бог го создал светот. Сите возрасти, освен постарите ја прифатиле теоријата за Големата експлозија. Само 46.1% од постарите од 55 години верувале во Големата експлозија, а 24.5% верувале дека Бог го создал светот.

Анкетата исто така откри растечки процент на Исланѓани кои го поддржуваат целосното одделување на црквата од државата. Од оние кои изразиле мислење за оваа тема 72% го поддржале целосното одделување на црквата од државата, а 28% биле против.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот