X
 18.01.2016 Живот

Прашања за кои треба да сте подготвени за време на интервју за работа

Никогаш не може да бидете сигурни за прашањата кои ќе ви бидат поставени за време на интервју за работа. Но, експертите велат дека одредени теми почесто се јавуваат на интервјуата од други. „The muse“ пишуваат за десетици прашања кои најчесто се поставуваат за време на ваквите средби.


Тимска работа

1. Кажете ми за време кога сте работеле со некој со различен карактер од вашиот.

2. Дајте ми пример за време кога сте биле во конфликт за време на работа во тим. Како се соочивте со тоа?

3. Опишете ситуација кога сте се обидувале да се зближите со некој битен.

4. Сите правиме грешки кои посакуваме да ги избришеме од минатото. Кажете ми за ситуација кога посакувате да сте реагирале поинаку.

5. Кажете ми за ситуација кога сте требале да добиете информации од некој кој тешко дава информации. Што сте направиле?

Работа со клиенти

6. Опишете ситуација кога било важно да оставите добар впечаток. Што сте сториле во врска со тоа?

7. Кажете ми за ситуација кога не сте ги исполниле очекувањата на клиентот. Што се случило и како сте се обиделе да ја поправите ситуацијата?

8. Кажете ми за ситуација кога сте проверувале дали клиентот е задоволен со вашата услуга.

9. Кажете ми за ситуација кога сте морале да работите со комплициран клиент.

10. Кога работите со многу клиенти, тешко е да се обезбеди одлична услуга за сите. Како одлучувате кому ќе дадете приоритет?

Способност за адаптација

11. Кажете ми за ситуација кога сте работеле под притисок.

12. Опишете ситуација кога вашиот тим или компанија поминувала низ промени. Како влијаело тоа на вас и како се адаптиравте?

13. Кажете ми за првата работа која ја имавте.

14. Кажете ми за ситуација кога сте морале да размислувате самостојно за начин на кој би се извлекле од непријатна или тешка ситуација.

15. Кажете ми за ситуација во која сте постигнале неуспех. Како сте се соочиле со тоа?

Вештини за менаџирање со времето


16. Кажете ми за време кога сте морале да работите на стратегија за да успеете во секоја обврска.

17. Опишете ми долготраен проект кој сте го успеале да го завршите.

18. Понекогаш не е возможно да завршите сè. Кажете ми за време кога сте имале премногу обврски. Што сте сториле?

19. Кажете ми за ситуација во која сте поставиле цел за себеси. Што сте сториле за да ја постигнете целта?

20. Кажете ми за ситуација кога истовремено сте работеле на повеќе работи. Како сте успеале во тоа?

Вештини за комуникација

21. Кажете ми за ситуација кога сте убедиле некој да работите според вашите правила.

22. Опишете ситуација кога сте биле експертот во собата. Што сте сториле за сите да ве разбираат исто?

23. Кажете ми за време кога сте морале да објаснувате идеи преку пишуван говор.

24. Кажете ми за ситуација кога сте требале да објаснувате нешто комплицирано на нервозен клиент.

25. Кажете ми за некоја успешна презентација која сте ја имале.

Мотивација и вредности

26. Кажете ми за најгордиот момент во вашата професионална кариера.

27. Опишете ситуација кога сте виделе некој проблем и сте направиле иницијатива да го поправите наместо да чекате некој друг да го стори тоа.

28. Кажете ми за ситуација кога сте работеле додека сте биле набљудувани.

29. Кажете ми за ситуација кога сте можеле да бидете креативни во работата. Што беше тешко и возбудливо во врска со таа ситуација?

30. Кажете ми за време кога не сте биле задоволни од својата работа. Што би можело да ја подобри ситуацијата?


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот