X
 26.01.2016 Култура

Би живееле во луксузно одморалиште кое некогаш бил концентрационен логор?

остров

 

Ова е прашање кое ги налутило членовите на семејствата на некогашните затвореници во една морска тврдина во Јадранското море, кога владата го одобрила проектот со кој би се трансформирал историскиот локалитет во Црна Гора во луксузно одморалиште.


Тврдината на Мамула Островот била изградена во 1853 година од австро-унгарскиот генерал Лаза Мамула, како дел од плановите за спречување на непријателските бродови да влезат во заливот Бока. Во текот на Втората светска војна, италијанскиот фашистички лидер Бенито Мусолини ја претворил тврдината во концентрационен логор. Околу 2.000 затвореници живееле таму - 80 од нив биле егзекутирани, а други 50 починале од глад во мрачните и тешки услови на концентрациониот логор.

И покрај мрачното минато, парламентот на Црна Гора го одобри проектот на швајцарско-египетската компанија „Orascom“ која планира тврдината да ја претвори во одморалиште со ресторани, спа и ноќни клубови.

Одлуката ги налути роднините на поранешните задвореници. Оливера Доклесиќ, чиј дедо бил затворен на тврдината Мамула на островот вели: „Да се изгради луксузен хотел посветен за забава на вакво место кадешто загинале многу луѓе, е школски пример за несериозност кон историјата“. Таа додава дека тврдината треба да биде реновирана и отворена за посетители како историски локалитет, а не хотел.

„Ниту еден концентрационен логор во светот не бил трансформиран во хотел“, вели таа.

Црногорскава влада ја бранеше својата одлука, велејќи дека проектот ќе ја золеми домашната економија. „Се соочуваме со две опции: да го оставиме локалитетот да пропадне или да пронајдеме инвеститори кои ќе бидат подготвени да го направат достапен за посетителите“, изјави Оливера Брајовиќ, шеф на националниот докторат за развој и туризам на Црна Гора.

И компанијата издаде соопштение во кое вели дека проектот ќе биде одличен за локалната архитектура и целосно ќе ја зачува историската вредност на островот. Компанијата исто така вети дека ќе изгради соба за сеќавање на жртвите, меѓутоа оние против проектот изјавија дека повеќе сакаат да го видат цел локалитет зачуван.

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура