X
 01.02.2016 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во првата недела од февруари?



Во Македонија во понеделник претежно сончево, ветровито и топло. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од -3 до 4 степени, додека пак максималните дневни температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 11 до 20 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Утринската температура од 1 степен, а максималната дневна до 16 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во наредните денови, односно во вторник и среда во Македонија сончево и натпросечно топло со температури повисоки и за 12 степени во однос на просекот за овој период од годината. Во вторник максималните од 13 до 22 степени, а во среда од 12 до 20 степени. Во четврток умерено облачно со врнежи од дожд, попладне над 700 метри врнежите ќе преминуваат во снег. Максималните температури од 6 до 14 степени. Во петок умерено облачно со сончеви периоди и днневни температури од 5 до 13.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот