X
 02.02.2016 Живот

"Ендава" донира 100 кутии со подароци за штитениците на домот "11 октомври" во Скопје

Британската компанија „Ендава“ месецов одбележа значајно достигнување во Македонија - повеќе од 100 талентирани луѓе се веќе дел од тимот во Скопје. Во периодот кога оваа организација се наметнува како зрела единица за испорака во една од компаниите за ИТ- услуги со најбрз развој во регионот, „ендаванците“ избраа да дадат свој придонес на овој повод со акција преку која ќе ѝ возвратат на локалната заедница.

Општествената одговорност игра значајна улога во културата на „Ендава“ и за секое лице што денес испорачува проекти на глобалниот пазар од Скопје, компанијата донираше кутија полна со шалови, ракавици, капи, играчки и слатки за децата од домот „11 октомври“ во Скопје.



 - Нашата вклученост е повеќе од едноставна донација. За нас е навистина значајно секој, индивидуално, да придонесе во иницијативите за општествена одговорност во кои што се вклучуваме. Ни беше мило самите да ги избереме, подготвиме, спакуваме и доставиме кутиите - вели Ендру Браун, менаџер на единицата за испорака во Скопје.



Учителите од домот „11 октомври“ кратко зборуваа за иницијативата и посакаа тимот во Скопје во тековната година рапидно да порасне до 200 луѓе и ги поканија да се вратат со исто толку кутии исполнети со радост.



Децата ги примија своите гости со прекрасна изведба, со пеење и танцување, опкружени од убави празнични декорации.



Секако, вистинска прослава не е можна без торта, и освен 100-те кутии со радост, за својата изведба децата беа наградени со вкусно изненадување.



Посетата на децата беше повеќе од достава на подароци и од попладне исполнето со изненадување на двете страни. Тие се запознаа подобро, а членовите на тимот на „Ендава“ ветија дека останат во контакт и дека наскоро повторно ќе се сретнат. За „Ендава“

„Ендава“ е приватна компанија за ИТ-услуги со над 2.500 вработени и канцеларии во Њујорк, Атланта, Њу Џерси, Лондон и Франкфурт и шест центри за испорака во Романија, Молдавија, Македонија и Србија. Основана во 2000 година „Ендава“ работи со некои од водечките светски компании во секторите банкарство, исплати, осигурување, малопродажба, телекомуникациски компании, медиуми и издаваштво и им помага да ги искористат дигиталните технологии и да се транформираат во поагилни, поуслужливи и повредни бизниси.

Филозофијата на „Ендава“ е едноставна: создади успех за луѓето. За луѓето кои работат за нас, за луѓето кои соработуваат со нас и за луѓето кои ги користат системите и платформите што ние ги дизајнираме, градиме и оперираме.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот