X
 08.02.2016 Технологија

Пристигнуваат леќи кои би функционирале како екрани и уреди за проверка на крвта

Полимерен слој може да ги претвори обичните контактни леќи во компјутерски екрани - ова не е нешто од иднината, туку реалноста.


Научници од Универзитетот во Јужна Австралија успешно спровеле истражување за да докажат успешно поставување на слој од полимери кој спроведува струја на контактни леќи со потенцијал да се изгради систем безбеден за носење од страна на човекот.

Истражувач од универзитетот, Дру Еванс, изјавува дека технологијата ќе ја „промени играта“ во областа и ќе обезбеди безбеден метод за поврзување на луѓето и нивните паметни уреди.

„Зборуваме за било што од едноставен сензор кој може да измери количество глукоза во крвта до создавање електронски екрани наместо носење очила кои би функционирале како компјутери“, изјавува Еванс.

Институтот за индустрии за иднината при универзитетот, кадешто било спроведено истражувањето, се фокусира на создавање знаење и капацитет за индустриите на иднината преку национални и глобални соработки. Во рамките на овој проект, институтот соработувал со светски лидер во производството на контактни леќи од Велика Британија.

Еванс додаде дека не се знае времето кога би ги добиле овие леќи за користење, но посочува дека е направен првиот чекор за многу можности во иднина. Следната фаза на проектот е спојување на материјалите и експериментирање со нив, по што би следувало нивното производство.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија