„Fortune“ пишува дека факултетите ширум САД го препознаваат трендот во врска со видео игрите и одговараат на истиот.
Имено, во САД постојат турнири за видео игри организирани од компании за играње, кои дури се пренесуваат на телевизија. Освен правата за фалење, победниците добиваат и стипендии за школарина за универзитет.
Факултетските турнири во видео игри немаат толкава гледаност како и факултетскиот фудбал или кошарката, нивната популарност во САД се зголемува. Изминатата година, во турнирот учествувале
899 факултетски тимови, а гледаноста била доволно голема за преносот да се прави и оваа година.
Турнирите се како и сите други. Тимовите вежбаат во текот на семестарот и победата зависи од заедничките вештини и нивната соработка.
Џон Ласкер од телевизијата ЕСПН смета дека овие „натпревари се физички и ментално тешки, но и забавни за гледање. Натпреварувачите и тимовите се вешти и талентирани“, вели тој.