Двајца студенти од Шпанија може да добијат година позади решетки поради мамење на испит.
Секој од двајцата студенти може да биде осуден на 12 месеци во затвор откако едниот бил обвинет дека се преправал дека е другиот за време на тест.
Двајцата студенти се обиделе да положат приемен тест за виша школа, пренесува „The Local“.
Властите ги
обвинуваат студентите за фалсификување на документи, што е криминал во Шпанија, со оглед на тоа што едниот студент го користел името на другиот за време на тестот. Властите ги тужат студентите за парична казна од 6 евра за ден во период од една година, покрај затворот од истиот период.
Адвокатот на едниот студент смета дека тестот не треба да се смета за официјален документ и дека студентите не повредиле никого притоа.
- Овој вид казна се заканува да ги лиши од слободата и да ги забележи како криминалци трајно - вели адвокатот.