X
 17.02.2016 Технологија

Создаден диск кој чува 360 терабајти податоци до 13,8 милијарди години

Фотографиите бледеат, книгите скапуваат, па дури и компјутерските тврди дискови се распаѓаат. Зачувувањето на историјата на човештвото напредува полека веќе долго време. Потребно ни е нешто револуционерно. Нешто како овој нов формат на чување податоци.


Научници од Универзитетот во Саутемптон во Велика Британија создале нов формат за податоци кои ги кодира информациите во мали наноструктури во стакло. Стандарден диск од овој вид може да чува околу 360 терабајти податоци, а животниот век му се проценува до 13,8 милијарди години со температури до 190 целзиусови степени. Колку за споредба, толку е стар универзумот.

Новиот метод првпат бил демонстриран во истражување во 2013, а оттогаш научниците ја усовршиле техниката и сега бараат начин за дополнително унапредување и можна продажба.

Дисковите може да траат толку долго бидејќи стаклото е цврст материјал за кој е потребна висока температура за да се стопи и е хемиски стабилен, пишува „The Verge“.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија