X
 23.02.2016 Образование

Дали можете да одговорите на ова прашање од американскиот стандардизиран тест SAT?

Таканаречениот „SAT“ е стандардизиран тест за прием на колеџ/факултет во Америка создаден од непрофитната организација „College Board“, а целта на тестот е да оцени колку студентот е подготвен за факултет и не е поврзан со средношколската наставна програма.

 

тест


Истражување направено врз тестот препорачува дека секој ученик би требало да помине околу 75 секунди на секој математички проблем, а ова е една од најновите задачи која се појави на тестот и која им задава главоболка на повеќето ученици.

Дали би можеле да ја решите вие?

Типична фотографија направена на површината на Марс со камера има 11.2 гигабајти големина. Станицата за следење на Земјата може да добие податоци од вселенското летало на стапка од 3 мегабајти во секунда за максимум 11 часа секој ден. Ако 1 гигабајт е еднакво на 1.024 мегабајти, кој е максималниот број на типични слики кои станицата за следење може да ги добие од камерата секој ден?

а) 3
б) 10
в) 56
г) 144


Имајте на ум дека нумеричките детали во задачата се претставени во намерно збунувачки ред, од кои треба да се изведе заклучок дека треба да се направат повеќе равенки.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование