X
 23.02.2016 Економија

Што е "BREXIT" и што би се случило доколку Британија ја напушти ЕУ?

Ако народот на Велика Британија изгласа за BREXIT, тоа нема само да биде историска победа на евроскептиците, туку ќе го трансформира овој народ засекогаш. Но, што би се случило?

 

брексит


Што е Брексит?


Велика Британија треба да одржи референдум ова лето за тоа дали треба да излезе од Европската Унија, или како што тие го нарекуваат „Брексит“.

Моментумот е во пораст позади кампањата за излез од ЕУ, кои со што сакаат да стават крај на централната контрола од Брисел и да и` дадат на Британија слобода да управува со сопствените работи.

На анкетата поставена од веб страната Express.co.uk повеќе од 100.000 луѓе велат дека сакаат да се откажат од Европската Унија.

Кога е референдумот за ЕУ?

Референдумот за тоа дали Британија треба да остане членка или да излезе од Европската Унија треба да се одржи на 23 јуни.

Британскиот премиер Дејвид Камерон го најави датумот откако потпиша договор со другите европски лидери на самитот минатата недела.

Гласањето во јуни ќе се одржи после изборите во мај за шкотскиот парламент, Собранието во Северна Ирска и велшкото Собрание, а ќе се случи пред почетокот на миграциската криза в лето, што може да разбуди поголемо евроскептично чувство кај британската јавност.

Кои се економските ставови на Брексит?

Поддржувачите на Брексит тврдат дека земјите на ЕУ имаат мотив да продолжат да тргуваат со Велика Британија, која е голем увозник на стоки и услуги.

Меѓутоа, постои одредена несигурност околу тоа што ќе се случи ако Велика Британија си замине и развие нови трговски договори со остатокот од Европа.

Исто така, постои про-европска загриженост дека странските компании нема да ја гледат Британија како погодна земја за инвестирање, со што би можеле да ги преместат нивните седишта, а тоа би довело до ограничен или никаков пристап до пазарот.

Инвеститорот Нил Вудфорд, основач на „Woodford Investment Management“ ги опишува про-европските тврдења како лажни.

„Мислам дека тоа воопшто не ни менува“, вели тој.

Кој може да гласа за референдумот?

Британците, Ирците и граѓаните на Комонвелтот кои живеат во Британија или живеел во странство помалку од 15 години ќе можат да гласаат. Дозволено им е да гласаат на луѓето над 18 години.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија