X
 26.02.2016 Политика

Во колку земји може да се патува без виза со македонски пасош?

„Henley & Partners“, консултантска компанија од САД, објави листа на пасоши според нивната моќност, односно според бројот на земји во кои се прифатени без виза.


На врвот се наоѓаат германскиот, британскиот и финскиот пасош, по што следуваат шведскиот, данскиот, францускиот и италијанскиот пасош.

Македонија се наоѓа на 46-то место на листата. Македонскиот пасош е доволен за влез во 107 земји во светот, од 199-те на листата.


Словенија, Бугарија, Хрватска, Србија и Грција се наоѓаат пред нас на листата, а Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија се зад нас кога станува збор за соседните земји. Зад нас се наоѓа и Русија.

На дното на листата се наоѓаат сирискиот, пакистанскиот, сомалискиот, ирскиот и авганистанскиот пасош.

А ТУКА може да проверете во кои држави може да патувате со виза а во кои без виза

Целосната листа ќе ја пронајдете ОВДЕ.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика