Во текот на изминатата година, извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, бил воздигнат како генијален иноватор и претприемач и позната личност.
Медиумите пишуваат за речиси секој негов јавен потег. Но, ново истражување од компанијата „Morning consult“ открива дека тој не е најсакан извршен директор, иако е најпопуларен.
Анкета од „
Glassdoor“ изминатата година, исто така, го прогласи Закерберг за еден од најпопуларните извшни директори.
Она што е интересно во врска со новата анализа е дека Закерберг е најпопуларен извршен директор, но и еден од најмалку саканите на листата. 21% од учесниците во анкетата изјавиле дека имаат негативен став кон него, а речиси 50% одговориле дека имаат позитивен став. Тим Кук од „Apple“ доаѓа на второто место во двете категории.
Дури 31% од испитаниците изјавиле дека немале мислење или не знаеле кој е Марк Закерберг, а 44% го изјавиле истото за Тим Кук.