X
 29.02.2016 Култура

Се` што треба да знаете за "супер вторник" - најважниот ден за американската претседателска трка

Супер вторник е најважниот ден во пресрет на претседателските избори во Америка, кога ќе се одржат изборите во рамките на 11 сојузни држави: Алабама, Арканзас, Колорадо, Илиноис, Масачусетс, Минесота, Оклахома, Тенеси, Тексас, Вермонт и Вирџинија.

 

2


Покрај тоа, републиканските избори ќе се одржат во Аљаска и Вајоминг, а кандидатот на демократите ќе биде избран на територијата на Амерканска Самоа и Американците кои живеат во странство.

Предизборните досега се одржаа во четири сојузни држави: Ајова, Њу Хемпшир, Невада и Јужна Каролина.

1. Клучен ден за изборниот процес


Супер вторник е клучниот дел за предизборниот процес бидејќи кандидатите ќе се натпреваруваат за поддршка од 20% од вкупниот број на делегатите. Републиканските кандидати имаат можност да обезбедат поддршка од околу половина од вкупно 1.237 делегати колку што им се потребни за номинација на изборите. Демократските кандидати се борат за поддршка од 880 делегати.

2. Најважен е Тексас


И на републиканските и на демократските кандидати во вторник најважен резултат ќе им биде оној од Тексас, кадешто републиканците ќе се борат за поддршка од 155 кандидати, а демократите 252 делегати. Потоа следуваат Џорџија, Тенеси и Алабама.

3. Трамп е веројатно најдобриот кандидат на републиканците


Во трката за републикански кандидат на претседателските избори, според резултатите води Доналд Трамп, а позади него се наоѓа Марко Рубио. На трето место се наоѓа сенаторот Тед Круз. Добриот резултат во супер вторник е особено важен за Тед Круз, кој смета на поддршката на конзервативните гласачи и конзервативци. Ако Круз не успее да победи во Тексас, тоа сериозно ќе ги загрози неговите шанси за останување во трката.

Од останатите републикански кандидати тука се Џон Касич и Бен Карсон кој досега обезбедија минимална поддршка и се очекува после вторник да испаднат од трката.

4. Супер вторник би можел да биде одлучувачки за Хилари Клинтон

После победата во Јужна Каролина и пред неа во Невада, Хилари се надева дека после супер вторник ќе останатиот дел од трката за претседателски кандидат на демократската партија ќе помине прилично добро.

Главниот нејзин ривал Берни Сандерс, покрај освојувањето на Њу Хемпшир и изедначениот резултат на прелиминарните избори во Ајова, смета на победа во својот роден Вермонт и соседен Масачусетс, но Клинтон според анкетите има значителна предност во повеќето јужни држави и афроамериканско население кое на гласање излегува во вторник.

5. Следниот изборен круг е во сабота на 5 март


После супер вторник, следниот изборен круг за двете партии е во сабота, на 5 март во Канзас, Луизијана и Небраска и во Кентаки и Мејн за републиканците. Три дена подоцна, предизборите ќе се одржат во Мичиген и Мисисипи, а републиканскиот кандидат ќе се избира и во Ајдахо и на Хаваите.

6. До средината на март ќе бидат распоредени повеќе од половина делегати во двата табора

 

Следниот важен круг е закажан за 14 март со предизбори во Флорида, Илиноис, Мисури, Северна Каролина и Охајо, по што треба да се распределат околу 60% републикански и 50% демократски делегати.

 

7. Се` ќе се знае во јули


Долготрајниот процес на избирање на претседател во Америка започна во Ајова на почетокот на февруари, и предизборите завршуваат во јули. Претседателските избори се одржуваат на 8 ноември.

8. Клинтон освои повеќето од гласовите од вкупниот број на Афроамериканци


Хилари Клинтон во Јужна Каролина освои 87% од гласовите на тамошните Афроамериканци, велат анкетите, додека нејзиниот противкандидат Сандерс освоил само 13%. Клинтон меѓу постарото население на афроамерикански гласачи освоила дури 96% од гласовите. Тоа се многу подобри резултати од оние кои во истата држава во 2008 година, ги реализирал Барак Обама. Тогаш Обама добил поддршка од 78% од афроамериканските гласачи. Клинтон тогаш освоила 19% од гласовите, а сенаторот Џон Едвардс, 1%.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура