Дислексијата е состојба која се манифестира со замена на букви, испуштање букви, непочитување на интерпукциските знаци итн при пишувањето, читањето или спелувањето.
Дислексијата не е поврзана со коефициентот на интелигенција, а Дамјан Николовски од
здружението за дислексија „Ајнштајн“ открива дека „најважно е да се знае дека дислексијата не претставува никакво ментално или психофизичко заостанување ниту пак има врска со интелигенцијата на индивидуата туку баш напротив дислексија е често предводена со натпросечна интелигенција за што се и доказ сите оние брилијантни и вонсерски умови кои ја поседувале оваа состојба како што се Алберт Ајнштајн, Стив Јобс, Томас Едисон, Џенифер Анистон, Бил Гејтс, Том Круз, Агата Кристи и многу други. Дислексијата е едноставно различен стил на учење односно приемање на информациите.“
Се претпоставува дека во скопските средни училишта, околу 17% од средношколците имаат дислексија. Наставниците засега не добиваат посебни обуки за соочување со овој предизвик. Родителите во Македонија сè уште не се доволно информирани за состојбата, исто така.
Како е да се има дислексија?
За дел од луѓето со дислексија, буквите изгледаат како да „скокаат“ наоколу додека читаат. Еден програмер создал алатка која го симулира овој ефект. Погледнете како е да се чита со дислексија
ОВДЕ.