X
 06.03.2016 Култура

Зошто стапчињата се користат како прибор во некои азиски култури?

Азиските култури денес почесто користат стапчиња во приборот за јадење отколку виљушки, лажици и ножеви.


Трендот за користење стапчиња започнал многу одамна во Кина, пред речиси 15 векови, кога се случило зголемување во наталитетот и намалување на ресурсите. Сиромаштијата ги предизвикала луѓето да ја подготвуваат храната исечена на помали парчиња, кои биле совршени за стапчињата, кои се правеле од поевтини материјали.

Недостатокот на нож во приборот е поврзан и со Конфуциј, кој бил вегетаријанец и го учел народот да не дозволува користење ножеви при јадењето. Подоцна, трендот се проширил и во другите азиски култури, како Јапонија и Кореја.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура