X
 10.03.2016 Технологија

Интервју со Орце Петрески: Бизнис Симулаторот ќе им овозможи на студентите професионално усовршување

Разговаравме со Орце Петрески, софтвер девелопер, професионалец со повеќе од 10 години работно искуство во областа на Софтверски инжинеринг и ментор во првиот циклус на Бизнис Симулаторот на СЕДЦ



По успешно завршениот прв циклус на менторства и симулации, SEDC го најавува почетокoт на вториот циклус во Бизнис Симулаторот. Што е она што овој пат ќе се раликува? Дали има новитети во однос на програмата?

Од претходниот циклус на Бизнис Симулаторот, покрај задоволството на студентите, добивме одлични оценки и препораки од страна на партнерските компании кои учествуваа во процесот, така што овојпат планираме уште поактивно да ги вклучиме во креирањето на тренинг програмата, како и во секојдневните проектни ативности и бизнис процеси. Вториот циклус ќе значи и наш поголем ангажман, во смисла на поголем број на соработници, ментори, нов тип на проекти, но и студенти кои учествуваа во симулаторот во минатиот циклус. Сепак, најголем новитет, е што на барање на многу надворешни студенти, но и заради размена на искуства и знаење, за првпат, Бизнис Симулаторот е отворен и за студенти кои своето знаење го стекнале на факултетите или други тренинг центри, a не само за студенти на СЕДЦ како досега.

Како ментор во првиот циклус, дали вашите очекувања за успешност на студентите и менторските компании беа исполнети и што очекувате од новиот циклус?

Па искрено, за прв циклус ние бевме повеќе од задоволни. Таквиот впечаток слободно може да се каже го имаа подеднакво сите страни. Студентите беа презадоволни во однос на она што научија и практично применија. Компаниите беа задоволни од квалитетот на проектите кои се изработија. А со крајниот резултат задовилни беа и нашите партнери IME проектот на Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC) и Swisscontact Така што би рекол, остваривме класична win-win ситуација.



Веруваме дека заитересираноста за еден ваков иновативен проект е голема. Кој профил на студент надобро би се вклопил во симулаторот и како ќе се бира новата група на студенти?

Точно е дека имаме огромна заинтересираност за овој проект. Интерес покажуваат се повеќе компании кои сакаат да се дел од симулаторот, како и од студентите кои сакаат своето релативно мало искуство да го збогатат со еден ваков тип на програма, која е пред се крајно практична и ефективна. Сепак, она што ние го бараме од студентите е да имаат познавање во технологија на ниво на која може да одговорат на барањата на проектот. Тоа би значело да имаат пред се реално и практично знаење за оние технологии кои би се употребиле во конкретен проект. Новата група на студенти ќе се бира преку неколку фази на селекција, каде, секако најбитен дел ќе е техничката оценка на нивните познавања во технологијата која ја познаваат и сакаат да се усовршат, но многу важна е и желбата за учење и докаување.

Колкав е капацитетот на студенти кои може да ги прими SEDC Бизнис Симулаторот и на колку групи ќе бидат поделени?

Капацитетот на Бизнис Симулаторот во овој циклус би бил околу 15 студенти максимум, и поделбата по групи или тимови ќе зависи од конкретните проекти на кои ќе се работи.

Колку менторски компании ќе бидат вклучени во овој иновативен модел на искуствено учење во кое студентите ќе може активно да ја искусат бизнис околината преку работење на реални проекти?

Во моментов се разгледуваат понудените проекти од 5 компании кои изразија желба да се вклучат во Бизнис Симулаторот. Изборот и бројот на проекти, односно компании, меѓу другото ќе зависи и од студентите и нивните кометенции, пред се заради постигнување баланс на потребите и можностите. Секако, ние ќе ги прифатиме проектите и компаниите кои сметаме дека најмногу ќе придонесат во развојот на студентите.

Кој степен на професионално усовршување го добиваат студентите по завршетокот на симулациите и со какви дополнителни квалитети излегуваат од SEDC Бизнис Симулаторот?

Главната идеја на Бизнис Симулаторот е студентите да добијат професионално усовршување кое е и техничко, но и реално искуство, во симулирана средина за тоа како е да се работи во IT компании. Како дополнителни квалитети би спомнал дека нашите студенти од Бизнис Симулаторот излегуваат и со видно зголемена самодоверба во однос на нивните идни предизвици. Може слободно да се каже дека од минатиот циклус огромен дел од студентите или веднаш се вработија непосредно по завршувањето на проектот или почнаа свој бизнис. Бизнис симулаторот на некој начин им го даде тоа екстра искуство и храброст за да може да го направат тој прв, многу важен исчекор.

Она што незадолжително, а сепак многу важно, го добија студентите беше “Networking” делот – меѓусебно дружење, создавање контакти и размена на идеи. Имено, студентите се запознаа со голем број на претставници на компании кои на овој или оној начин, повлијаеа на нивните одлуки кои, реално, во оваа фаза на нивниот развој знаат да бидат одлучувачки за понатаму.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија