X
 12.03.2016 Култура

Гораст Цветковски: Идејата ни е да направиме Интернет ТВ, македонско Weyne`s World

Со нас е професионалниот актер, програмер и најбитно страстен гејмер, Гораст Цветковски.  


Веќе неколку месеци се провлекува вашата интернет емисија за гејминг културата ГГ ТВ, како ви оди тоа?

Гораст: Подобро отколку што очекувавме. Бевме среќни со 150 моментални гледачи на емисијата, а добивме 250-350 во просек. Бевме задоволни со 2000 прегледи, а добивме 5000-8000 за секоја емисија. Пред еден месец го надминавме и 100.000 преглед на досегашните емисии (во моментов таа бројка е нешто повеќе од 127.000 гледачи). Единствено што не очекувавме е дека ќе добиеме хејтери... и не ги добивме!

Зошто не сте на телевизија? Дали намерно го одбравте интернетот како медиум за пласирање на овој продукт?

Гораст: Сакавме на ТВ, но не се најде добар модус за да бидат и двете страни среќни. Телевизијата како медиум носи многу бреме и правила кои обично ги „сушат„ сите продукти. Во моментот доколку направиме анкета мислам дека повеќе од 90% гледачи ќе не подржат да останеме на интернет. Сите знаат дека секој понеделник од 22:00 часот мора да бидете на http://tv.gg.mk за емисијата GG, или пак останатите денови во неделата на истата адреса за LIVE стримови од нашите членови и друга програма од GGTV.


Дали има планови да ја проширите програмата? Или работите само на гејминг културата во Македонија?

Гораст: Јес! Идејата ни е да направиме Интернет ТВ, македонско Weyne’s World, медиум кој ќе се бави со исто-различни работи, работи кои ме интересираат мене како гик-гејмер. Условот за да се направи ново шоу е тоа да има карактер како што GG го има својот.

Ти веќе неколку години си член на МАГДА (Македонската асоцијација за развивање на игри). Која е целта на оваа организација и со што точно се занимавате?

Гораст: МАГДА се формира после првиот одржан Global Game Jam во Македонија. Од тогаш има направено многу предавања, workshop-и. Годинава го направивме и четвртиот Гејм Џем Македонија. (тоа е 48 часовен маратон во правење игри). Годинава дојдоа 150 луѓе, а учесниците и ние организаторите едногласно се сложивме дека ова е науспешниот до сега. Секој последен викенд во Јануари, веќе традиционално работиш на организација на маратонот за изработка на игри „Global Game Jam”.


Што точно е GGJ и како македонската јавност го прифаќа овој концепт?

Гораст: Гејм Џем е 48 часовен маратон во програмирање игри кој се случува во последниот викенд во Јануари во исто време низ целиот свет (повеќе од 2.000 локации). Кај нас има локации во Скопје и во Битола. Во 18:00 во Петокот се дава тема и сите екипи почнуваат да развиваат игра на таа тема. Убавото е што на него не учествуваат само програмери или графичари, туку сите оние кои би можеле да помогнат во тимот за да се направи игра. Цртачи, музичари, луѓе со идеи, играчи кои имаат концепт, продуценти... сите заедно прават игри и на крајот на викендот ги презентираат на публиката.

Има ли други вакви збиднувања во текот на годината?

Гораст: Од почетокот на оваа мала гејминг револуција се случија многу собири и групирања на оваа тема – игри. Ќефот е голем затоа што повеќето од нив немаа никаква врска со МАГДА или пак со GG. МАГДА влијаеше за гејминг културата во Македонија да почне да се освестува и тоа е најважното гориво кое го имаме. GG пак ги собира сите истомисленици на едно место. Се надеваме дека некогаш повторно во Македонија ќе дојде златното време на игрите (кое беше пред 10тина години) каде луѓето играа заедно по 2 часа, а потоа 5 часови дискутираа за тоа играње. Ми течат лиги дур го пишувам ова...


Каде може да ве најдат луѓето додека ова се случува и каде би можеле да ги видиме игрите кои ќе бидат изработени од учесниците?

Гораст: GG и сите информации можат да ги добијат на веб страната http://gg.mk, а за МАГДА и Global Game Jam на Facebook page-от – Global Game Jam Macedonia

Што друго можеме да очекуваме во 2016та год во гејминг културата во Македонија?

Гораст: Револуција! Уживање, кул фаци, ненапнати фраери, пријатна атмосфера, нови луге, повеќе гејмерки, интервјуа и репортажи од светски саеми за игри, купување оригинални игри, можеби отворање на играчница од светски рамки и се разбира, козплеј другарувања, ивенти и државни турнири па и признавање на гејмингот како постоечки валиден спорт од страна на институциите.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура