X
 12.03.2016 Образование

Корнел гради техничко училиште кое ќе биде дом за претприемачите во Њујорк

Официјалниот центар за технологија и иновација кој се гради во Њујорк, е еден чекор поблиску до реалноста.

 

1


На островот Рузвелт, на земјиште помеѓу Менхетен и Квинс, се гради центарот за технологија од страна на Универзитетот Корнел.

Кога кампусот ќе се отвори во 2017 година, во него ќе биде вклучено и новото училиште наречено „Cornell Tech“, кој според градските власти ќе биде голем технолошки центар во Њујорк. Корнел се најде пред врвните училишта како Колумбија, Канеги Мелон и Стенфорд кога се избираше кое училиште ќе стои позади новиот центар, а часовите ќе бидат фокусирани на компјутерска наука, бизнис и претприемништво.

 

1


Училиштето доби 685 милиони долари во добротворни донации, вклучувајќи и подарок од 100 милиони долари од поранешниот градоначалник Мајкл Блумберг и 133 милиони од Ирвин Џејкобс, основачот на „Qualcomm“.

Развивачот на проектот „Forest City Ratner Companies“ како и архитектонската компанија „Weiss/Manfredi“ ги споредија обновените нацрти на кои покажуваат како ќе изгледа центарот после неговата изградба.

 

3


Центарот ќе има капацитет за 2.000 студенти, а училишниот студентски дом (највисоката зграда во позадина) ќе има капацитет да смести околу 520 луѓе. Ова ќе биде највисоката и најголемата пасивна куќа во светот, што значи дека ќе бара исклучително ниска количина на енергија за греење и ладење.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование