X
 14.03.2016 Образование

Најдобри европски универзитети: На листата нема балканска установа

Според најновата листа на најдобри универзитето во Европа, меѓу 200-те најдобри не се наоѓа ниту една високообразовна институција од земјите од Балканот. Најдобро рангирана високообразовна установа на светската листа од Балканот е Универзитетот во Белград, а истиот се наоѓа на 601-во место, јавува „Times higher education“.


Според листата на најдобри универзитети во Европа, лидерската позиција ја зазема Универзитетот во Оксфорд, по кој следуваат „Кембриџ“, Империскиот колеџ во Лондон, Електротехничкиот универзитет во Цирих и Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Британските универзитети се најдобри.

Меѓу стотина најдобри универзитети во Европа се наоѓаат институции од Велика Британија, Шведска, Германија, Швајцарија, Белгија, Холандија, Франција, Финска, Данска, Италија, Норвешка, Австрија, Шпанија, Ирска, Русија, Шпанија и Луксембург.

Најмногу универзитети на листата има Велика Британија, односно 46 универзитети, т.е. речиси 25% од вкупниот врој најдобри европски универзитети. По Велика Британија, Германија има најмногу универзитети на листата, односно 36.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование