X
 15.03.2016 Живот

Временска прогноза за наредните неколку денови... Од петок благ пораст на температурите



Во Македонија во вторник претежно облачно, ветровито и студено. Претпладне во северните и североисточните предели со услови за сончеви периоди, додека пак во западните, југозападните и југоисточните предели облачно со врнежи од дожд а на повисоките места над 700 метри и со врнежи од снег. Во попладневните часови услови за слаби врнежи од дожд ќе има и во северозападните предели. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од -4 до 6 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 3 односно до 12 степени.

Во Скопје во вторник претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне зголемување на облачноста со услови за сосема слаби локални врнежи. Утринската температура од 1 степен, а максималната дневна до 9 степени

Во Македонија во среда и четврток ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и постудено со температури кои ќе бидат пониски од вообичаените за овој период од годината. Утринските од -4 до 5 степени, додека пак максималните дневни од 6 до 14 односно од 7 до 15 степени. Пораст на дневните температури како и повеќе сончеви периоди се очекуваат во петок и сабота, иако утринските се`уште ќе бидат ниски. Максимланите дневни ќе се движат од 9 до 18 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот