X
 19.03.2016 Образование

Како да ја претворите домашната задача во игра за вашите деца?

Домашната работа може да биде доста инспиративна. Како родител, важно е да можете да обезбедите вашето дете да напредува академски, но исто така треба д сфатите дека тоа може да биде стресно и помалку досадно.

 

dete


Учењето можете да му го направите многу позабавно и поинтересно искуство, а истото важи и за домашните задачи. Еве како:

1. Создадете забавен и креативен простор


Како што и самите можете да забележите од вашиот академски или професионален живот, работењето во досаден простор е пречка за напредување. Ова важи и за децата, па затоа започнете онака како што треба. Поставете удобен, креативен простор за вашето дете да може да работи. Избегнете места во домот кои можат да му го одвлекуваат вниманието - отстранете секаков вид на уреди и технологија. Важно е вашето дете да го сака просторот и да се чувствува удобно.

2. Следете го напредокот за награди

Поставувањето на систем за награди се користи како позитивно засилување кое може да ви помогне да ги направите домашните задачи помалку да изгледаат како задача. Воспоставете заедно со детето цели и поврзете ги со соодветни награди и со нешто кое детето едвај ќе чека да го добие. На пример, за секоја завршена задача навреме, дајте му една ѕвезда - кога детето ќе добие повеќе од 4 или 5 ѕвезди, тоа значи дека треба да земи награда. Наградата може да биде во било каква форма - од одење во кино, купување облека или игра.

3. Играјте образовна игра


Оваа стратегија може да функционира на неколку различни начини. Можете домашната задача да ја претворите во игра. На пример, ако вашето дете учи зборови, можете да создадете картички или да направите мемориска игра. Ако вашето дете учи математички концепти, тогаш можете да користите мали парчиња бомбони кои ќе ви помогнат со броевите.

4. Работете до него

Пишувањето домашна задача особено додека останатиот дел од семејството се релаксира и забавува може кај децата да предизвика чувство на осаменост. Затоа е важно како родител да бидете покрај него додека ја пишува домашната задача. Не мора да му помагате, можете да седите и да си ги извршувате вашите задачи, меѓутоа важно е детето да биде во ваша близина.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование