X
 19.03.2016 Технологија

Моќта на Youtube - месечно се заработува и до 70.000 евра

Доколку мислите дека нема надеж за вас, дека сте задоцниле да станете милијардер, можеби следните неколку реченици ќе ве натераат поинаку да размислувате.

 

youtube


Запознајте ја Зое Саг, 25 годишна девојка од Брајтон која на дигиталниот свет ја знае како Зоела.

Зоела е најновиот пример за тоа колку YouTube е голема платформа, па овие дена се најде во центарот на британската јавност бидејќи откриено е дека оваа „влогерица“ (видео блог) заработува дури и 70.000 евра месечно.

Младата девојка неодамна достигнла до 10 милиони следбеници на нејзиниот Youtube канал, а освен што добива пари преку прегледите на нејзините видеа, таа има потпишано и неколку спонзорски договори.

Таа каналот го создала во декември 2009 година, и од тогаш на камера воглавно зборува за модата и споделува разни совети за фризури, шминкање, облека и нокти - во просек објавува 5 видеа месечно.

Саг е ништо во споредба со најголемите играчи на оваа социјална мрежа. Најмногу пари зема Швеѓанецот Феликс Кјелберг познат како PewDiePie, чијшто канал е посветен на видео игри, а има преку 40 милиони корисници (12 милиони годишно).

Одлично врват и комичарите и кулинарите, а вистинско шоу стана и девојката која прави рецензии за детски играчки (таа во 2014 година заработила 5 милиони долари). 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија