Шестмина среќници наскоро ќе може да го додадат искуството како нинџа во своите професионални биографии. Би-би-си известува дека Јапонија вработува шест нинџи на полно работно време со цел да се промовира туризмот во регионот.
Според огласот за работата, нинџите ќе добиваат 1.600 долари месечно за да изведуваат на сцена и да се појавуваат на радио и ТВ повремено. Вештините кои се бараат се способноста за некои движења специфични за нинџите.
Постер за работата вели дека идеалниот кандидат треба да „ужива под рефлектори иако е таен нинџа“. Ќе биде обезбеден дополнителен тренинг како мечување и слично.
Не се бараат само јапонски државјани. Групата ќе има изведби и на англиски јазик, како и на јапонски, така што секој што знае англиски, а сонува да стане нинџа, може да се пријави.
Пријавувањето трае до 22 март, а може да се пријават лица над 18 години.
Извор