X
 22.03.2016 Живот

Во потрага по подобар живот во Германија се преселиле преку 50.000 Хрвати

hrvatska 

 

Германија во 2015 година забележила највисока стапка на емиграција во повоената историја. Помеѓу 2 милиони емигранти во Германија околу 50.628 се хрватски граѓани, вели Сојузниот завод за статистика во Визбаден.


„Во 2015 година во Германија се преселиле 50.628 хрватски граѓани, додека 12.918 се преселиле надвор од оваа држава. Кон крајот на 2015 година, во Германија живееле 297.895 државјани на Хрватска“, изјави портпаролот на Сојузниот завод за статистика, Гантер Буркнер.

Продолжува трендот на иселување на Хрватите

Трендот на зголемување на емирацијата во Германија после влегувањето на Хрватска во ЕУ во средината на 2013 година продолжил и во наредните години. Во 2014 година во Германија се преселиле 44.260 луѓе со хрватски пасош. ВО истата година и 17.327 Хрвати се иселиле.

Преку милиони доселеници се емигранти


Интересно е тоа што бројот на луѓе кои од Хрватска се доселиле во Германија не е зголемен после укинувањето на последните бариери за пристап до германскиот пазар на труд во средината на 2015 година. Во првата половина на 2015 година, во Германија се преселиле 24.783 државјани на Хрватска, а отприлика толкав број се преселиле и полсле укинувањето на ограничувањето на 1 јули.

Минатата година во Германија се преселиле околу 2 милиони странци од кои, повеќе од милион се бегалци. Во истовреме Германија ја напуштиле 860.000 странски државјани такашто кон крајот на 2015 година во Германија биле пријавени 1.14 милион странци повеќе отколку претходната година, што е најголем пораст на странското население во повоениот период. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот