X
 24.03.2016 Живот

Зошто Брисел е важен, а Истанбул не: двојните стандарди против тероризмот

Како што Ајфеловата кула во Париз, Фонтаната Треви во Рим и Бранденбуршката порта во Берлин се осветлени во боите на белгиското знаме после бомбашките напади во вторникот, Турција повторно почувствува колку светските медиуми различни ги покриваат терористичките напади низ светот.

 

1


Само пред неколку дена, бомбаш-самоубиец, припадник на Исис, уби најмалку 5 луѓе во срцето на Истанбук. А претходно овој месец, 36 лица загинаа во Анкара, со шест терористички напади кои ја погодија Турција уште од јули. И додека силите и динаимката позади овие напади заслужуваат посебно внимание, начинот на кој меѓународната заедница ги опфаќа е разочарувачки.

Веднаш после терористичките напади во Париз и Брисел, сите големи меѓународни мрежи започнаа да го покриваат настанот, испраќајќи ги нивните најдобри репортери за приказните и испитувајќи го секој агол во нивните емитувања.

 

2


Се појавија приказни за жртвите, нивните животи и сите тие беа проследени со внимание и емоции. Илјадници луѓе на Фејсбук ги променија фотографиите на профил со француското и белгиското знаме, и постојано кружеа пораките како „Je Suis Paris“ и „Je Suis Bruxelles“ кои станаа топ трендинг фрази на социјалните медиуми. Светските лидери се собраа во Париз, одејќи еден до друг обединети против тероризмот.

Но, кога терористички напад се случува во Турција, сепак не го добива истото интернационално внимание. Ударните вести за Турција траеја само еден ден. Турците очајно го започнаа трендот „Je suis Istanbul“ на социјалните медиуми меѓутоа трендот не доби толкаво внимание.

Турците се разбира, ја имаат цензурата од сопствената влада. Додека Французите и Белгијците имаат отворени и транспарентни медиуми кои ги следат случувањата од последиците во терористичките напади, турската влада веднаш нареди замолчување на медиумите, а Твитер и Фејсбук беа затворени за целиот народ.


Во Турција, генерациите растат со чувари на влезот на трговските центри. Турција се бори против курдиската сепаратистичка група PKK повеќе од 3 децении, што однесе 30.000 животи. Но дури и со ваквите „турски стандарди“, ескалацијата на терористичките напади во текот на последните шест месеци ги исплаши граѓаните.

 


Исис е глобална терористичка мрежа и не прави разлика меѓу муслимани и немуслимани при изборот на сопствените цели. Тие се глобална закана која бара глобална соработка, но и глобална емпатија.

 

3


Не е правилно човек да мисли дека жртвите од терористичките напади во западната хемисфера се поважни. Оваа сурова реалност води интернационалните терористички групи да го пренасочат вниманието во срцето на западните градови.

Турција, земја која е тешко погодена од тероризмот, е домаќин на повеќе од 2.5 милиони бегалци, далеку од она што може да си го дозволи.

Експертите во неколку наврати истакнаа дека речиси сите терористи од последните напади во Европа се домашни радикалци. Затоа Европа треба да пронајде начин да ја интегрира својата отуѓена и изолирана арапско-европска младина во Европа.

Освен тоа што треба да бидат обезбедени ресурси за борба против тероризмот на глобално ниво, треба да се направат ефективни мерки за обезбедување на политичка интеграција на младите муслимани во Европа.

Вниманието од медиумите треба да биде правично и без дискриминација. Теророт не гледа граници, такашто и покриеноста не треба да обрнува внимание на границите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот