X
 26.03.2016 Образование

Над 2.000 курсеви од МИТ сега се бесплатни и достапни за сите

Масачусетскиот технолошки институт (МИТ) е прв на листата на универзитети во САД по количество пари кои ги добива и троши на научни истражувања. МИТ е приватен истражувачки универзитет во Кембриџ со пет факултети и 32 академски насоки. На него работат над 900 предавачи, а 26 студенти од МИТ имаат освоено Нобелови награди.


Во знак на 15 години постоење на „MIT Open Course Ware“, речиси сите курсеви од институтот сега се достапни и бесплатни за користење, а ги има над 2.200. Не може да се добие сертификат или диплома за завршен курс, но сите се бесплатни и не е потребна регистрација. Ова се некои од најпопуларните курсеви во моментов.

Вовед во компјутерски науки и програмирање

Курсот е наменет за студенти со мало или без програмерско искуство. Тој има за цел да им ја покаже на студентите улогата на компјутерите во решавањето проблеми. По завршувањето на курсот, студентите може да создаваат мали програми во Python.

Вовед во Це++

Ова е брз, воведен курс во програмскиот јазик Це++. Наменет е за оние со мало знаење, но и за оние со искуство.

Вештачка интелигенција

Воведниот курс е за методите на вештачката интелигенција. Студентите по завршувањето на курсот се во состојба да развиваат мали интелигентни системи кои решаваат конкретни компјутерски проблеми.

Вовед во програмирање во Јава

Курсот е вовед во софтверското инженерство со помош на програмскиот јазик Јава. Фокусот е на развојот на висококвалитетен софтвер кој решава реални проблеми.

Основи на биологијата

Курсот за основни принципи на биохемијата, молекуларната биологија и генетиката вклучува принципи кои се основни за разбирањето на основните механизми на животот.

Многу повеќе курсеви пронајдете ОВДЕ.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование