Дали некогаш сте се прашувале како „Google“ ги чува сите податоци од своите производи и услуги? Одговорот лежи во центрите за чување податоци на компанијата, во кои сега може да погледнеме.
Имено, „Google“ објави видео од 360 степени со 4к-резолуција кое ве носи директно во центарот за чување податоци во Орегон.
Во видеото може да се види каде се чуваат податоците, на кој начин се поврзани центрите низ светот, како се одржува температурата на овие системи и како компанијата се ослободува од нефунцкионалните тврди дискови.