X
 30.03.2016 Образование

Дури 75% од децата денес поминуваат помалку време надвор од затворениците

Некогаш, децата требаше да се бркаат од парковите бидејќи поминуваа премногу време надвор, но денес, ситуацијата е различна.


Имено, истражување спроведено во Велика Британија покажува дека 75% од денешните деца во таа земја поминуваат помалку време на воздух дури и од затворениците. Една петтина од нив воопшто не излегуваат од домот.

До овие резултати стигнале истражувачи кои работеле на истражување финансирано од „Персил“ и било спроведено на 2.000 родители на деца на возраст од 5 до 12 години.

Според резултатите, децата поминуваат помалку од еден час дневно на воздух. Затворениците би требало да добиваат 60 минути дневно во прошетка или вежбање на отворено.

Според истражувањето, главните причини за ваквата ситуација е стравот од страна на родителите дека нешто ќе им се случи на децата, недостаток на зелени површини и, заразеност со дигиталната технологија.

Истото истражување открива и дека малите Британци поминуваат двојно подолго играјќи пред монитор отколку на отворено.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование