Колкупати ви се случило да испратите порака на погрешен број? Без оглед дали тоа се случило еднаш или илјадапати, секогаш е непријатно, а понекогаш може да има и сериозни последици.
Меѓутоа, отсега веќе не мора да се грижите ако сте испратиле порака до погрешна личност - ќе имате можност да ја повлечете таа порака пред да направи потенцијална катастрофа.
Постои апликација која е наречена „Privates“, која е пред сè наменета да осигура безбедни разговори, но им овозможува на корисниците да ги повлечат пораките кои веќе ги испратиле.
Секако, постојат и услови во кои тоа е возможно да се направи. Потребно е личноста на која ѝ била испратена пораката по грешка да не ја отворила пораката. Доколку ја отворила, повлекувањето на пораката не е можно.
Така што, имате неколку сигурни моменти за да ја активирате оваа опција на апликацијата.
Апликацијата е бесплатна за преземање, но засега е достапна само за iOS.