X
 05.04.2016 Образование

На Техничкиот кампус при УКИМ во тек е саем за вработување "Контакт"

КОНТАКТ е тридневен саем за вработување и пракса, кој се одржува секоја година на Техничкиот кампус при УКИМ.


Настанот, веќе трета година, го оддржуваат Студентскиот парламент на ФИНКИ и Студентскиот парламент од ФЕИТ. Поддршката од деканските управи на факултетите беше неизмерна и настанот немаше да биде од таа големина, доколку не беше поддржан од нив.


Целите на настанот се:

► Да воспостави контакт помеѓу компаниите и студентите;

► Да ги поттикне студентите да посегнат по нови можности и да ги охрабри да го преземат, за некои од нив, првиот чекор кон градење на својата кариера;

► Студентите да се запознаат со можностите кои ги нудат компаниите на пазарот директно од вистинските луѓе - компаниите учеснички;

► Локацијата каде се одржува настанот (факултетскиот кампус) им нуди можност на компаниите непосредно да се запознаат со студентите, а со тоа на полесен начин да пронајдат високо квалификуван кадар;

► Студентите би се запознале со начинот на работа на компаниите и условите кои треба да ги исполнуваат за вработување или добивање практикантска работа;

► Самите компании да стекнат увид во знаењата и вештините на студентите, да направат селекција на кадарот кој им е потребен и да им се овозможи брз и лесен пристап до профилот на студентите-апсолвенти.

Повеќе фотографии од настанот пронајдете во галеријата ОВДЕ.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование