Стапката на невработеност во еврозоната во февруари годинава била најниска од август 2011 година. Ова е показател на умереното економско заздравување на европските земји, според агенцијата на Европската унија за статистика „Еуростат“.
„
Еуростат“ објави изминатата недела дека невработеноста во 19 држави кои го користат еврото паднала на 10,3% според податоците од февруари.
Во јануари, невработеноста изнесувала 10,4%. Според овие податоци, во февруари во еврозоната без работа биле 39.000 помалку, додека бројот на невработени во јануари паднал за 118.000.
Бројот е помал за 1,3 милиони во однос на годината претходно.
Инаку, Германија има најнизок процент на невработени жители - 4,3%, додека најмногу невработени има во Шпанија - 20,4% и во Грција - 24%.