X
 05.04.2016 Образование

Совети за долг живот од Д-р Лејла Денмарк - педијатар до својата 103 година

Докторката Лејла била најстариот педијатар во светот. Таа починала пред 2 години во својата 114 година. Се` до нејзината 103 година, таа работела како педијатар.

 

2


Родена е во Атланта како трето од единаесет деца, а кога во 1928 го завршила медицинскиот факултет во Џорџија, била една од трите жени кои тогаш дипломирале на истиот факултет.

Лејла учествувала во пронаоѓање на лек против големата кашлица, а во 1971 година ја објавила книгата „Шанса за секое дете“, во која се истакнува како првиот педијатар кој забранува пушење во присуство на децата.

„Радикална сум кога станува збор за брзата храна и благото. За мојот роденден одбив да ја пробам мојата роденденска торта и воопшто не се каев за тоа. Последните седумдесет години не внесувам никакви шеќери, освен природните кои се наоѓаат во овошјето. Благото побарајте го во другите работи кои го прават животот, а не во храната“, во една прилика изјавила докторката Денмарк.

 

1


Таа во 2002 година ја објавила книгата „Докторката Денмарк рече така“ која претставува збир на текстови од најискусниот американски педијатар со совети за мајките ширум светот. Година дена после тоа, со полни 103 години и 3 месеци таа отишла во пензија и со тоа официјално станала најстариот активен педијатар. Ги преживеала двете светски војни и 20 американски претседатели.

Кога наполнила 114 година ја прашале каков совет би им дала на луѓето кои планираат да живеат до стотата година, таа рекла:

„Кравјото млеко и доволно количина вода претставуваат основата за долговечноста. Заменете ги овошните сокови со вистинско овошје, и не заборавајте да се смеете. Во мој случај, а верувам и кај другите луѓе, добрата смисла за хумор може да ви го продолжи животот“, рече таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование