Движењето „Nuit debout“ започна на 31 март во Париз, а неговата главна цел беше протестирање за законот за работници. Движењето се шири низ цела Франција.
Во главниот град, граѓаните ги поминуваат ноќите на улиците веќе шести ден. Протестот се проширил и во другите места во Франција, па дури и Белгија.
Феноменот започнал пред помалку од една недела, а сега е проширен во градови и села на француското подрачје.
За време на ноќите поминати протестирајќи, на плоштадите во градовите се пуштаат музика, филмови, се развиваат дискусии, се поставуваат банери итн.
Камперите немаат специфична мисија, а повеќето од нив едноставно бараат разбирање на состојбата во светот денес и ситуацијата во нашето општество.
Движењето се појавило врз основа на хуманистички вредности, а започнало како протест против реформата за законот за работници во Франција, според кој се фаворизираат бизнисите, додека се влошуваат условите за работа и безбедноста на вработените.