X
 11.04.2016 Технологија

SpaceX слета ракета на брод - која е следната цел на Илон Маск?

„SpaceX“ конечно успеаја - слетаа ракета на брод среде океанот. Достигнувањето ќе и` го олесни следниот чекор на компанијата, односно рециклирање и летање на веќе искористени ракети, со што би се намалиле трошоците за полетување за голем процент.



Успешното слетување на ракетата на брод се очекуваше одамна, а компанијата имаше неколку неуспеси пред конечно да успеат. - Ние сме малку како кучето кое го фати автобусот - се шегувал Илон Маск за време на прес-конференцијата изминатата недела.

Што следува за нив?

Pop science“ пишува за следниот чекор на компанијата, за кој велат дека не е толку комплициран како ракетна наука. Ракетата ќе остане онаму кадешто е засега, а Маск најави дека првиот чекор би бил да се погрижат дека таа нема да падне, особено со најавите за силен ветер.

Откако ракетата ќе биде безбедна за пристап, екипата ќе се качи на бродот и ќе ја спојат со палубата. Во недела, тие ќе го донесат бродот со ракетата до пристаништето. Со кран, ракетата ќе биде ставена на земја на платформа на која нема да бидат потребни ногарките на ракетата.

Потоа, ракетата ќе биде однесена до место кадешто ќе биде тестирана за да се види дали може да лета повторно. Доколку сè е во ред, Маск изјавил дека ракетата би можела да биде лансирана повторно во мај или јуни годинава.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија