X
 12.04.2016 Образование

Писмо од еден татко до својата ќерка: Никој ништо не ти должи!

Некои луѓе трошат цел живот обидувајќи се правилно да ги воспитуваат своите деца, а овој човек сè објаснил во едно писмо.


„Божиќ е и повторно сме со истиот проблем, што да ти подарам. Знам дека би ти се допаднале многу работи - книги, играчки, облека... Но, многу сум себичен денес. Би сакал да ти дадам нешто што ќе се следи малку подолго од само неколку месеци или година. Сакам да ти подарам нешто што ќе те потсетува на мене секој Божиќ. Да можам да ти дадам само една работа на светот, тоа би била едноставна вистина за која ми требаше многу години за да ја сфатам. Ако ја научиш сега, ќе ти се збогати животот на безброј начини, можеби ќе те поштеди од многу разочарувања кои ги повредуваат луѓето кои таа тајна никогаш не ја сфаќаат.

Вистината е ова: Никој ништо не ти должи.

Кое е значењето на тоа? Зошто нешто толку едноставно би било толку важно? Можеби на прв поглед не изгледа така, но разбирањето на ова ќе ти биде како благослов во животот. Да.

Никој ништо не ти должи. Тоа значи дека никој друг не живее за тебе, дете мое. Бидејќи никој друг не е ти. Секој живее за себе, за својата среќа, бидејќи на луѓето нивната среќа им е единствената која може да ја почувствуваат со сопствено срце. Кога ќе сфатиш дека никој не е должен да ти пружи среќа или било што друго, ќе се ослободиш од исчекувањето на нешто што можеби никогаш нема да се случи.

Тоа значи дека никој не е должен да те сака. Ако некој те сака, те сака бидејќи во тебе гледа нешто посебно што го усреќува. Откриј што е тоа посебно во тебе и зајакни го тоа, негувај го, и ќе те сака уште повеќе, бидејќи тоа го сака. Ако некој направи нешто убаво за тебе, тоа го прави бидејќи сака - бидејќи, на некој свој начин, му даваш нешто смислено и драгоцено поради тоа што сака да те усреќи, а не бидејќи мисли дека е должен да ти подари среќа.

Не мораш никому да се допаѓаш. Ако твоите пријатели сакаат да се дружат со тебе, тоа не е од чувство на должност. Откриј што е тоа во тебе што привлекува и весели луѓе и тие ќе сакаат да бидат во твое друштво. Не мора да ги принудиш. Никој не мора да те почитува. Некои луѓе кон тебе ќе бидат нељубезни и злобни. Но, кога еднаш ќе сфатиш дека луѓето не мора да бидат добри кон тебе, и можеби и навистина не се, ќе научиш да стоиш настрана од оние кои би те повредиле. Бидејќи ти не им должиш ништо. Живеј го својот живот.

Никој не ти должи ништо. Самата си должиш да бидеш најдобра личност која можеш да бидеш. Бидејќи, ако тоа станеш или настојуваш да бидеш, другите луѓе ќе сакаат да бидат со тебе и околу тебе и ќе сакаат да ти го пружат она што го сакаш, бидејчи и ти истото им го пружаш ним.

Некои луѓе ќе те одбегнуваат поради причини кои можеби немаат никаква врска со тебе. Кога ќе стигне до тоа, побарај однос и љубов каква сакаш на друго место да најдеш. Не ги претворај туѓите проблеми во свои. Еднаш кога ќе сфатиш дека туѓата љубов и почитување мораш да ги заслужиш, никогаш нема да го очекуваш невозможното и нема да се разочараш.

Никој не мора да подели нешто со тебе, ниту чувства ниту мисли. Тоа не е должност. А, ако го сакаат тоа, сакаат бидејќи си заслужила. И имаш право да бидеш горда на љубовта која ти ја пружаат, на почитувањето кое ги го укажуваат пријателите, на работите кои си ги добила со труд. Но, никогаш не земај здраво за готово. Ако го сториш тоа, лесно ќе изгубиш сѐ, бидејќи ништо не е твое со некакво посебно право, секогаш тоа мора да го заслужиш.

Моето искуство? Голем камен ми падна од срце оној ден кога сфатив дека никој ништо не ми должи. Долго мислев дека на некои работи имам право, се истрошив во исчекување на тие работи и пробав да сфатам зошто ги немам - физички и емоционално се исцрпев обидувајќи се да ги добијам.

Никој не ми должи пристојност, пријателство, љубов, уважување или интелигенција. Еднаш кога го сфатив тоа, сите мои односи со луѓето станаа многу подобри и поисполнети. Се дружев со луѓе кои сакаа да прават работи кои јас сакав да ги прават бидејќи тоа ги радуваше, не се на тоа присилени. Сфаќањето на сето ова се одрази на моите пријателства, работата, љубовта, на односот кон непознатите, на сѐ. Таа кратка реченица постојано ме потсетува дека она што го сакам може да го добијам само ако влезам во нечиј свет, сфатам како размислува таа личност, што ѝ е важно, што сака. Ако нешто во мене може да ѝ пружи на таа личност сѐ што таа сака, ќе ми возврати. Ако сака.

Дури тогаш може да процениш дали воопшто сакаш да имаш однос со некого или ќе продолжиш понатаму и најдоброто од себе ќе го дадеш некому со кого имаш најмногу заедничко. Не е лесно да се напише во неколку реченици сѐ што сум учел со години, но можеби ова писмо ќе го читаш секој Божиќ... можеби тоа значење со годините ќе ти стане сѐ појасно и поразбирливо.

Се надевам дека ќе биде така бидејќи не ти посакувам ништо толку силно како тоа да ја сфатиш оваа едноставна вистина која ќе те ослободи - никој ништо не ти должи.“

Извор


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование