X
 15.04.2016 Образование

Училишни предмети од целиот свет кои сите ученици треба да ги учат

Сите деца имаат омилен училишен предмет - токму за време на овие часови времето лета, и учениците воопшто не забележуваат кога ѕвонало ѕвончето.

 

предмет

 

Денес, образовните системи ширум светот се обидуваат да ја модернизираат наставната програма и да го направат учењето поинтересно и позабавно искуство за децата. За таа цел тие ги создале училишните предмети во продолжение, чијашто цел е да ги расположат децата и да им овозможат да се релаксираат и забавуваат.


Јапонија - Восхит кон природата

 

1


Целта на овие лекции е децата да научат да го вреднуваат естетскиот аспект на природата која ги опкружува. Многу често, денешните деца го игнорираат развојот на оваа способност и поголемиот дел од времето сакаат да го поминат пред компјутер и други електронски уреди. За овој предмет во Јапонија децата добиваат оценки и прават тест на крајот од годината.

Башкирија - Чување на пчели

 

2


Повеќе од 100 училишта во Башкирија имаат свои пчеларници. Таму децата учат како да ги одгледуваат пчелите и како да собираат мед. Најважно, овој предмет ги учи децата да бидат трпеливи, внимателни и точни.

Израел - Сајбер безбедност

 

3


Како што интернетот продолжува да владее во многу аспекти од нашиот живот, сајбер безбедноста станува важен дел од знаењето. Свесни за овој факт, израелските училишта го воведоа предметот „Теорија и пракса на сајбер безбедноста“. Помеѓу другите работи, децата се учат како да се однесуваат во сајбер просторот и како да одговараат на коментари на блогови и на социјални мрежи. Посебно внимание се посветува на проблемот со зависноста од видео игри.

Ерменија - Фолк танци

 

4


Ермениците се доста горди на нивните етнички танци. Ерменската култура може да се пофали со повеќе од 1.500 танци, а секој од танците поседува уникатно значење и историја. За оваа причина, ерменските власти не беа задоволни од тоа што учениците учеа обични лекции за културното наследство, па во 2013 година фолк танците ги направија задолжителен дел од наставната програма.

Австралија - Лекции по сурфање

 

5


Учениците во Австралија денес имаат можност да го учат овој спектакуларен спорт на училиште. Слични лекции се воведени и на Хаваите.

Америка - Научни откритија

 

6


После завршувањето на нивниот курс по теорија на науката, децата во Америка добиваат една иста последна задача - да создадат нешто. Тие имаат цела година за да успеат да направат нешто. Периодот на истражување завршува со презентација, која учениците ја презентираат пред нивните наставници и ученици. Потоа секој проект се дискутира и се проценува врз основа на успехот и значењето, а потоа се дава и завршната оценка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование