X
 17.04.2016 Образование

Загатка за деца од времето на Советскиот Сојуз, обидете се да ја решите!

Иако постарите на младите често им велат дека нивното животно искуство и знаење е многу подобро од тоа на младите, за некои работи подобро е да се има детската логика.

 

1


Оваа мемориската и логичка загатка се наоѓала во учебниците од времето на Советскиот Сојуз била наменета за деца, но решението не можеле да го пронајдат ниту возрасните.

Видете дали вие спаѓате во малиот процент на луѓе кои успешно ја решиле. Добро погледнете го цртежот и запомнете колку што можете пвоеќе детали на него.

 

1


Сега обидете се да одговорите на следните прашања, а одговорите можете да ги најдете подолу.

1. Колку туристи има во кампот?
2. Дали пристигнаа денес или пред неколку дена?
3. Како стигнале до кампот?
4. Колку е оддалечена најблиската населба?
5. Од каде дува ветерот: од север или југ?
6. Кој дел од денот е?
7. Каде отиде Алекс?
8. Кој беше дежурен вчера?
9. Кој ден е?

Одговорите можете да ги проверите во продолжение.

1. Четворица туристи. Припремени се четири лажици и четири садови, а на листата на дежурни се наоѓаат четири имиња.

2. Стигнаа пред неколку дена. Пајакот во тој период направил мрежа помеѓу шаторот и дрвото.

3. Стигнаа со чамец или кајак. На стеблото се потпрени весли.

4. Многу близу. Низ кампот шета кокошка, што покажува дека во близина има населено место.

5. Дува ветер од југ. Знамето кое го покажува правецот на ветерот се наоѓа на врвот на шаторот. Како знаеме дека е југ? Погледнете го дрвото: гранките на јужната страна секогаш се подолги.

6. Утро. Кога ќе го дознаеме одговорот од претходното прашање, знаеме каде се исток и запад, и можеме да одредиме благодарение на сенките.

7. Алекс лови пеперутки. Ако подобро погледнете, мрежата за пеперутки се гледа позади шаторот.

8. Колин беше дежурен вчера. Тој бара нешто во ранецот (на него е буквата C-Colin). Алекс лови пеперутки. Џејмс фотографира, тоа значи дека Питер дежура денес, а кога ќе го погледнете списокот на дежурства, ќе сфатите дека Колин дежурал вчера.

9. 8 август. Датумот се знае бидејќи Питер е на должност, а месецот според лубеницата која се наоѓа покрај садот (лубениците созреваат во август).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование