X
 20.04.2016 Наука

Луѓето над 40 години се најпродуктивни доколку работат три дена во неделата

Луѓето на 40 годишна возраст имаат најдобри перформанси и се најпродуктивни доколку работат три работни денови во неделата.

 

работа


Истражувачите открија дека когнитивните перформанси на средовечните луѓе се подобруваат ако нивната работна недела изнесува до 25 часа неделно. Кога тие работни часови ја преминуваат бројката од 25, тогаш нивните вкупни перфроманси се намалуваат и заморот и стресот настапуваат на сила.

Извештајот објавен од „Melbourne Institute Worker Paper“, поканил 3.000 мажи и 3.500 жени од Австралија за да направат серија на когнитивни тестови, додека била направена анализа на нивните работни навики.

Истражувањето открива дека оние луѓе кои работеле 25 часа неделно имале најдобри перформанси, додека оние кои работеле 55 часа неделно покажаа резултати полоши од пензионерите и невработените учесници.

Еден од тројцата автори, професорот Колин Мекензи од Кеио Универзитетот вели: „Голем број земји ќе ја зголема возраста за пензионирање одложување на возраста на која луѓето имаат право да почнат да добиваат пензија. Ова значи дека повеќе луѓе ќе продолжат да работат и во подоцнежните фази од нивниот живот. Степенот на интелектуална стимулација може да зависи од работното време. Работата може да биде меч со две острици, со што може да ја стимулира активноста на мозокот, но во исто време, долгите работни часови можат да предизвикаат замор и стрес со што потенцијално се оштетуваат когнитивните функции“.

„Ние укажавме дека разликите во работното време се важни за одржување на когнитивното функционирање кај средовечните луѓе и старите лица. Ова значи дека скратеното работно време може да биде ефикасно во одржувањето на когнитивните способности“, додава тој. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука