X
 21.04.2016 Култура

Алгоритам кој покажува колкава веројатност имаат да умрат ликовите од "Game of thrones"

Во денешно време ништо не може да побегне од процесот на анализа на податоци, дури ни серијата како „Game of thrones“. Последната ваква анализа е онаа на студентите од Техничкиот факултет во Минхен. Тие своето знаење го применија за да ја откријат веројатноста на смртност на некои ликови од познатата серија.

 

џон


Во  текот на нивната анализа, креативните германски студенти користеле податоци кои ги собрале од различни интернет извори, книгите на Џорџ Р.Р.Мартин и сериите кои ги продуцираше HBO. Алгоритамот кој го користеле го категоризирал секој лик според повеќе од 20 различни карактеристики вклучувајќи ја нивната возраст, пол и популарност кај гледачите, односно читателите.

Можеби не сте знаеле, меѓутоа постојат 2.028 ликови додека во просек, 30 од нив се појавуваат во секоја епизода од популарната серија. Интересно е тоа што има двојно повеќе машки од женски ликови.

Истражувањето покажа дека поблагородните ликови ги играат мажите додека жените истовремено се прикажани како селанки и имаат помала шанса тие да бидат убиени. Податоците до кои германските студенти дојдоа во текот на истражувањето кажуваат дека веројатноста за смртта на мажите е 33%, а за жените 23%.

Тие ја пресметаа и возраста во која најголема е веројатноста некој лик да умре и дошле до заклучок дека до 70-та година никој не е сигурен. Најверојатната возраст за умирање е помеѓу 31 и 40 години.

Исто така, со анализата вклучиле уште некои фактори на ризик и на тој начин пресметале кои ликови најверојатно во скоро време ќе бидат убиени. Некои од нив се веќе мртви, но тоа само го потврдува нивното истражување. А еден од нив е и Џон Сноу, кој според авторот на истражувањето, умрел релативно неочекувано.

Новата сезона започнува на 24 април па наскоро ќе можеме да дознаеме дали анализите на германските студенти се навистина точни. Во продолжение следува листа на ликови за кои авторите сметаат дека е најголема веројатноста да умрат.

1. Томен Баратион

 

1


Моменталниот крал кој седи на Железниот престол има најголема шанса да умре, дури 97%. Но, тоа воопшто не е чудно. Сепак станува збор за момче кое не ужива ничија поддршка.

2. Станис Баратион

 

3


Станис, братот на Роберт кој и самиот сакал да стане крај и кој ја уби дури и сопствената ќерка, имал 96% шанси да умре - што и навистина се случи.

3. Денерис Таргариен

 

3


Младата Калиси, и Мајката на змејовите е следниот лик за умирање. Нејзините прогнози не стојат ни малку добро и има 95% шанси да умре.

4. Давос Сиворт

 

4


Поранешниот шверцер и десната рака на Станис. Веруваме дека голем дел ќе жалат за неговата смрт. Германските студенти му даваат 9% шанса за преживување.

5. Питер Бејлиш

 

5


Исто толкава веројатност да преживее има и Питер Бејлиш, шпионот со огромна желба за власт.

6. Џон Сноу

 

6


Според германските студенти и нивните алгоритми, Џон Сноу воопшто не требало да умре. Всушност, тие му дале неверојатни 88% шанси да преживее, а 11% шанси да умре.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура